Search

(Видео) Милионер нуди 300.000 долари и бизнис на оној што ќе се ожени со неговата ќерка девица

Талјандскиот милионер, Арнон Родтонг вети 300 илјади долари за оној кој ќе се ожени за неговата ќерка, а се што бара за возврат е да биде добар работник и да ја направи среќна, пишува „ЛАД Бајбл“.

Тој во Тајланд поседува фарма со овошје, а неговата 26-годишна ќерка, Карнсита, му помага и ја води семејната работа. Освен 300 илјади долари, нејзиниот сопруга би ја наследил и фармата, чија вредност се проценува на неколку милиони долари.

Иако во Тајланд е обичај младоженецот да му плати на семејството на невестата, Арнон се одлучил на спротивното.

„Сакам некој што ќе се грижи за мојата работа и кој ќе ја унапреди. Не сакам некој, кој има само диплома туку некој, кој е внимателен и не му е тешко да работи“ рекол Арнон.

Иако има и други деца покрај Карнсита, тој цврсто се одлучил да му остави се токму на нејзиниот сопруг.

„Штом добијам зет, се ќе му префрлам на него“ ветил милионерот.

Карнсита, која има 26 години, зборува течно англиски и кинески јазик, тврди дека е девица и дека никогаш немала момче.

„Бев малку изненадена кога дознав за тоа, но ми беше и смешно. Се уште сум сама. Ако веќе морам да се омажам за некој, би сакала да биде внимателен и добар човек кој сака семејство“ рекла таа.

Треба да знаете
Последни објави