САД ги продолжија санкциите против Русија за уште една година

Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи за уште една година санкциите воведени против Русија поради кризата во Украина, соопшти денеска Белата куќа.

– Акциите и политиките на Русија кои се наведуваат во овие извршни наредби се уште претставуваат невообичаена и голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, се додава во соопштението потпишано од американскиот претседател Доналд Трамп.

Санкциите воведени против Русија поради кризата во Украина опфаќаат руски поединци, вклучувајќи и официјални претставници, бизнисмени и неколку компании, како и лидери од украинските региони Доњецк и Луганск.

Треба да знаете
Последни објави