Search

СДСМ: Победата на Пендаровски на изборите ќе биде уште една победа на концептот едно општество

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, е потврда на концептот промовиран од СДСМ за изградба на едно општество за сите во напредна, евро-атлантска држава, велат од владејачката партија.

„За првпат во историјата 30 партии од различни етнички заедници, од различни политички определби се обединија и застанаа зад еден кандидат кој обединува, кој е подготвен да ја води државата напред кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ се уверени дека на претстојните избори граѓаните ќе изберат вистински претседател, како што велат, на сите граѓани, претседател кој е противник на поделби и изолации, претседател кој ќе застане заедно со демократските и прогресивни сили.

„Затоа граѓаните масовно ќе излезат на претседателските избори и ќе изберат заедништво, иднина, ќе изберат да продолжиме да одиме напред. Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на нашиот заеднички пат кон напредок, развој и интеграција“, истакнуваат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави