Search

Путин го потпиша декретот за напуштање на Договорот за нуклеарно оружје

Рускиот претседател, Владимир Путин, го потпиша декретот со кој се суспендира учеството на Русија во Договорот за елиминација на нуклеарните проектили со краток и среден дострел (ИНФ) од 1987 година, соопшти Кремљ.

Вашингтон на почетокот на февруари најави дека ќе се повлече од Договорот кој е потпишан за време на Студената војна за да се намалат ризиците од поголем судир.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, уште лани во октомври соопшти дека САД имаат намера да се повлечат од ИНФ договорот, тврдејќи дека Русија не се придржува до документот.

Русија веднаш се закани со контрамерки. „Ако САД развива нуклеарно оружје со среден дострел, тогаш ние ќе мора да воспоставиме некаква рамнотежа“, изјави тогаш портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Треба да знаете
Последни објави