Search

Заев-Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со идниот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер.

„Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија. Во таа насока, информираше премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата“, соопштија од Владата.

Рикер, од своја страна, покажал интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакнал дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно-атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави