Search

Војската на САД размести ТХААД систем во Израел

Американската армија за првпат размести свој најнапреден систем за воздушна и ракетна одбрана во Израел, соопштија американски и израелски воени лица.

-Распоредувањето почна во почетокот на месецот, и требаше да тестира способност на американската армија да распореди брзо такво оружје ширум светот, изјави портпаролка на Американската команда за Европа.

Таа сепак, не прецизира колку било потребно да се префрли ТХААД системот во Израел од базата Форт Блис во Тексас.

Армијата на САД соопшти дека одлуката за брзо покренување на ТХААД системот во Израел имала за цел демонстрација на континуирана посветеност на САД за израелската регионална безбедност.

Треба да знаете
Последни објави