Search

Велика Британија го отвора првиот затворски оддел за транссексуалци

Во Велика Британија неделава ќе се отвори првиот затворски оддел за трансродови лица, соопшти британското Министерство за правда.

Одделот ќе биде отворен во рамки на женскиот затвор во јужниот дел на Лондон и засега во него ќе бидат сместени три лица, кои се родени како мажи, но во меѓувреме го промениле полот.

Властите велат дека трите затворенички кои имаат сертификат за промена на полот, нема да имаат контакт со останатите жени во затворот Даунвју.

Министерството за правда наведува дека безбедноста на затворениците е нивна најголема грижа. Овој потег се случи откако затвореничката транссексуалка Карен Вајт сексуално нападнала две жени додека била во притвор во Вејкфилд.Таа е осудена на доживотен затвор поради сексуални престапи.

Бројката на трансексуални затвореници во Велика Британија не е лесно да се пресмета и постојано се менува.Би-би-си објави во август дека во Шкотска има 17 транссексуалци, 125 во Англија и Велс, додека за Северна Ирска не се наведени податоци.

Треба да знаете
Последни објави