Search

Скоро 8.000 евра за метар квадратен за стан во Белград

Во Србија во 2018 година биле продадени 37.500 станови и вкупно 12.000 гаражи. Најскапиот стан е купен во Белград за нешто повеќе од 1,1 милиони евра, додека деловен простор во Стари град со површина од 1.400 метри квадратни е платен 5 милиони евра, соопшти Републичкиот геодетски завод, објави „Танјуг“.

Во „Белград на вода“ се наоѓа и најскапиот гаражен простор, а цената достигнува сума од 31.800 евра.

Најскапиот стан продаден во Белград од 322 метри квадратни е продаден во Врачар за 1,1 милиони евра.

На Копаоник цените за квадрат се движат од 449 до 3.900 евра за стари градби, а во новите станбени објекти цените се движат од 535 до 4.200 евра.

Во Нови Сад цените се движат од 313 до 1.799 евра за метар квадратен за стара градба, а за новите градби од 509 до 1.950 евра.

Треба да знаете
Последни објави