Search

Колумбија одлучи да воспостави дипломатски односи со Косово

Министерството за надворешни работи на Косово објави денеска дека вицепремиерот и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли примил писмо од неговиот колумбиски колега Карлос Холмес Трухило Гарсија, кој го информира за одлуката на неговата Влада за воспоставување дипломатски односи со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со ова, се вели во соопштението, „се овозможува постојана комуникација на највисоко ниво меѓу двете земји, со размена и на амбасадори”.

– Со отворањето на Амбасадата во Богота, Косово тежнее покривање и нерезидентно дипломатско претставување и во другите држави на јужноамериканскиот континент, соопшти косовското МНР.

Треба да знаете
Последни објави