Search

Столтенберг: Процесот на проширување на НАТО на исток не е провокација против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во четвртокот дека проширувањето на Алијансата на исток не претставува провокација против Русија, отфрлајќи ги ваквите проценки како концепт на сфери на влијание кои треба да се остават зад себе, пренесува „Спутник“.

Изјавата беше дадена на јавниот настан GLOBSEC во Словачка, која беше домаќин на разговорите на групата Букурешка деветка – земји на источната граница на НАТО.

Одлуката дали и кога е се приклучи некоја земја-апликант е на 29-те сојузници и на апликантот. Никој друг нема право на глас. Ако се приклучи Украина, ако се приклучи Македонија, ако се приклучи Грузија, тоа е провокација силно верувам оти секој народ има право да одлучи за својот пат, а НАТО целосно го почитува тоа, без разлика дали тие работат за членство во НАТО или велат дека се неутрални “, рече Столтенберг.

Како пример, тој се осврна на Финска, Шведска и Австрија, кои не се членки, но сепак се блиски партнери на НАТО.

Ние го почитуваме тоа што сакаат да бидат неутрални”, додаде тој, повторно нагласувајќи дека

проширувањето на НАТО не е „провокација против соседот”.

Треба да знаете
Последни објави