СДСМ: Конфузното ВМРО-ДПМНЕ веќе поддржа закон што заштитува од дискриминација

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицковски се наоѓа во сериозна конфузија околу тоа што како политика поддржува, а што не. Последен пример за тоа е соопштението со изнесени дилеми во однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација, реагира СДСМ.

Тие ја потсетуваат ВМРО-ДПМНЕ дека пратеничката група и Христијан Мицковски веќе поддржаа закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во кој беше усвоен амандман за спречување на дискриминаторска содржина по основ на сексуална ориентација и родов идентитет, за што сведочат и листинзите од гласањето на тој закон на седница одржана на 28.12.2018 година.

„Нејасно е како сега се појави дилема кај Христијан Мицковски за тоа што е родов идентитет, при тоа веќе еднаш поддржан закон во Собранието со истата содржина?Што се однесува до дефиницијата за брак, бракот се дефинира во Законот за семејство.

Дополнително ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ во поглед на барањето за изјаснување на верските заедници по однос на овој или кој било друг закон дека Република Северна Македонија е секуларна држава. Се надеваме дека личната конфузија на Христијан Мицковски и малата група негови поддржувачи околу тоа кои политики ги поддржуваат, а кои не, ќе се надмине и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на Законот за спречување и заштита од дискриминација”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави