Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, листата на лекови за ретки болести е проширена

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за негрижа за пациентите и урнисување на здравството. 11 години оваа партија преку своите криминални политики ги газеше правата на пациентите, ги потценуваше докторите и нивниот труд , а здравствениот систем доживеа тотален колапс.Денеска, пак, како опозиција преку лажни вести се обидува да манипулира со граѓаните. На овој начин, само потврдува дека има целосно несериозен пристап за сериозни прашања како што е здравјето на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, наспроти негрижата кон пациентите од страна на ВМРО ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ дава  вистински пример за грижа кон своите граѓани.

„Министерството за здравство информираше дека за првпат е воведен електронски регистар за следење на лицата со ретки болести. Истовремено, се проширува листата со лекови за ретки болети, со тоа што минатата година се воведоа 3 нови лекови, додека за оваа година воведени се два нови лека за ретките болести.Буџетот за ретките болести оваа година  изнесува 380 милиони денари, со заложби на Владата овој буџет да се зголеми на 450 милиони денари. За разлика од претходната  2017 година, кога изнесувал 210 милиони денари, и 2018 година 224 милиони денари.

ВМРО ДПМНЕ наместо да шири невистини, треба да заземе посериозен пристап  за прашањатa во здравството кои се пресериозна тема. Набавката што ја споменува ВМРО ДПМНЕ е дел од спроведувањето на Програмата за борба против ХИВ. Програма што се спроведува со невладиниот сектор за превенција и едукација за сексуално преносливите болести. Најголем дел од планираните средства ќе се искористат за набавка на антивирусна терапија и тестови за следење на ХИВ-инфекцијата, додека, пак, дел од средствата се наменети за едукација”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави