Search

Почна средбата во „Хилтон“: Заев го предложи Пендаровски, коалициските партнери треба да го подржат

СДСМ, коалициските партнери и други парии што даваат поддршка за заеднички претседателски кандидат ја почнаа средбата вечерва во скопскиот холтон. СДСМ, како што изјави премиерот и лидер на партијата Зоран Заев најави дека Стево Пендаровски ќе биде предложен за заеднички консензуален кандидат.

Премиерот, по завршување на координацијата во партиското седиште одржана попладнево рече дека Пендаровски е надпартиски кандидат, кој ќе биде предложен на коалициските партнери и очекува тој да биде поддржан.

 

На средбата освен Али Аахмети се присутни и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Горан Мисовски од НСДП, Амди Барјам, Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна странка за Македонија, претседателот на БЕСА Алтернатива, Африм Гаши.

На координацијата СДСМ ги разгледа фаворитите за претседателски кандидат, меѓу кои беа и Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Ѓорѓи Филипов, Имер Селмани…

Кандидатот СДСМ ќе го промовира на конгрес в недела.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети во средата постигнаа договор за заеднички претседателски кандидат, кој се очекува да биде поддржан и од Алтернатива и ДПА, како и други партии.

Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Тој од вчера се приклучи на списокот со официјални кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад чија кандидатура застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави