Search

Во напад на Талибанци убиени 23 авганистански војници

Најмалку 23 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени денеска во напад на Талибанците во авганистанско-американска база во југозападниот дел на земјата, соопштија локалните власти.

„Операцијата е завршена. Најмалку 23 припадници на безбедносните сили се убиени, а 15 се повредени”, соопштија авганистанските сили, дополнувајќи дека во нападот кој траел над 12 часа убиени се 20 бунтовници.

Авганистанските безбедносни сили се борат со Талибанците од 2014 година, кога САД и НАТО официјално ја завршија мисијата во таа земја.

Треба да знаете
Последни објави