Search

„Хуавеј“ следната година пред американски суд

Компаниите „Хуавеј дивајс“ и „Хуавеј дивајс САД“ пред американскиот окружен суд во Сиетл денеска се изјаснија дека не се виновни за измама и заговор во врска со трговски тајни, соопшти Министерството за правда на САД.

Судот го прифати обвинението против овие деловни претставништва на кинескиот „Хуавеј“ и судењето го закажа за 2 март 2020 година, објави агенцијата „Ројтерс“.

Против двете компании, минатиот месец беше покренато обвинение дека тие имале намера да ги украдат деловните тајни на „Ти-мобајл САД“.

„Ти-мобајл“ го обвини „Хуавеј“ дека ја краде технологија наречена „Тајпи“, која имитира човечки прсти и се користи за тестирање на паметни телефони. „Хуавеј“ соопшти дека спорот со „Ти-мобајл“ бил разрешен во парнична постапка уште во 2017 година.

Овие наводи се дополнителен притисок на американската влада врз кинеската компанија, која е најголем светски производител на телекомуникациска опрема. Вашингтон се обидува да ги спречи американските компании да купат опрема на „Хуавеј“ и ги притиска своите сојузници да го сторат истото.

Треба да знаете
Последни објави