Search

Две лица загинаа во терористички напад во Ирак, 24 се повредени

Најмалку две лица загинаа, а 24 се ранети откако автомобил-бомба експлодирал во Мосул, град во северен Ирак.

Полицијата соопшти дека автомобилот полн со експлозив бил паркиран во близина на Универзитетот во Мосул, во центарот на градот. Мосул лани беше ослободен од Исламска држава, која под своја контрола го држеше три години. Оттогаш градот беше цел на неколку терористички напади, објави агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави