Search

Ордановски: Во кој филм сте влезени господине Мицкоски?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше гостин во емисијата „Печат на неделата“ на ТВ 1 во која домаќин му е Сашо Ордановски, со кого имаше жесток дуел.

Ордановски го критикуваше Мицкоски за екстремниот речник кој го употребува и квалификациите како деспотизам, заевизам, крвави раце и таканатаму.

Мицкоски му возврати дека има чувство како да е на дуел со Зоран Заев и дека тоа е добро бидејќи немал прилика за дуел со Заев, а Ордановски го цитирал Заев.

Потоа Мицкоски констатираше дека Ордановски признал дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ денес се прогонувани како што порано тоа го правела УДБА, по што Ордановски го праша „Во кој филм сте влезени, господине Мицкоски“?

Треба да знаете
Последни објави