Search

Мицкоски: Јанева бараше да го подржиме продолжување на мандатот на СЈО за да гоодмрзне имототна партијата

Во вечерашното гостување во емисијата „ Печат на недалата“ на ТВ 1, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека во интерес на граѓаните е да продолжи тело кое што ќе гони висок криминал во државата.

-Кога прашав јас зошто е замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, одговрот од страната на специјалната јавна обвинителка рече да го поддржиме продолжувањето на мандатот на СЈО, а таа ќе го одмрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицковски.

Тој додаде дека дека не може да подржи тело коешто го води специјален јавен обвинител затоа што тоа тело е селективно и се користи како алатка против ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека e време заевизмот да се уништи, а тоа може преку негов пораз на избори па затоа ВМРО- ДПМНЕ не размислува за бојкот на претседателските избори.

-Победник сум по природа, победник е нашиот претседателски кандидат и заедно ќе победиме и Македонија ќе има жена за претседател. Јас повеќе се плашам од бојкот и опструкција од СДСМ и ДУИ во вториот круг кога ќе ги видат резултатите од првиот круг. Инаку дали ме прашувате дали за претседателските избори во првиот круг ако се случат истите настани како што беа за референдумот односно имаме гласачи кои што се побрзи спринтер од 100 метра па гласаат за 2.4 секунди или ако имаме излезеност поголема од 100% имаше еден политичар кој што викаше 2.5 не знам како беше и дали тоа ќе го толерираме, нема да го толерираме,  посочи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави