Search

Манчини: Роналдо не игра добро во Лигата на шампионите како порано

Селекторот на Италија, Роберто Манчини смета дека Роналдо не игра добро во Лигата на шампионите како што играше во изминатите неколку сезони.

Да потсетиме, Јувентус неодамна загуби на првиот натпревар од осмина-финалето против Атлетико Мадрид со 2:0, а во пресрет на реваншот во Торино, избраниците на Алегри ќе имаат навистина тешка задача за пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

„Јувентус – Атлетико? Знаат дека тоа ќе биде тежок натпревар. Не постои магична формула за пресврт, но Јувентус е многу искусен тим кој минатата сезона се врати откако на првиот натпревар загуби од Реал Мадрид со 3:0“, изјави Манчини и додаде:

„Роналдо не ги прави работите во Лигата на шампионите кои што ги правеше во минатото, но тој е секогаш тука за големи работи. Му оди добро во Серија А. Според мене, тој има многу добра сезона“, изјави Манчини.

Треба да знаете
Последни објави