Search

Лацио и Милан без голови во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија

Домаќините доминираа во средбата на „Олимпико“, но мрежата на Џанлуиџи Донарума не се затресе.

 

Во неколку наврати Лацио беше блиску до погодок, но Милинковиќ-Савиќ, Пароло и Имобиле не беа прецизни.

Единствената вистинска шанса за Милан ја имаше Пјонтек во 50-тата минута, но и тој не се снајде баш најдобро пред голот на домаќините.

Реваншот ќе се игра на 24 април во Милано.

Треба да знаете
Последни објави