Search

ЕВН избран за универзален снабдувач со електрична енергија

Конзорциумот составен од ЕВН Македонија и ЕВН електроснабдување е избран за најдобар понудувач на електронската аукција за јавно поддавање за избор за универзален снабдувач со електрична енергија што се одржа утрово.

Како што информира претседателот на Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, академик Глигор Каневче, на ауцијата покрај конозрциумот учествуваше и ЕЛЕМ трејд ДООЕЛ Скопје, а понудувачот ЕВН понуди најниска маржа, односно процент на профитна маргина од 11,5 проценти.

-Комисијата официјално до Владата ќе достави извештај за спроведената постапка со предлог одлука за избор на најповолна понуда и се надеваме дека на првата наредна владина седница ќе биде донесена одлуката за избор, по што најповолниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за универзален снабдувач со електрична енергија, рече Каневче.

Треба да знаете
Последни објави