Search

Глас за Македонија: Цела држава стануваме дивоградба

Македонија никако да се стави во редот на цивилизирани земји, каде зборот “дивоградба’ воопшто не постои, вели преку соопштение Глас за Македонија, партијата на Солза Грчева,

„Во клубот на земји каде ние целиме, еден камен да се постави нелегално, мора да биде отстранет. Не само што не е дозволено никакво градење, доградување и надградување вон урбанистичките планови, туку се пропишува и типот на кровот, па дури и хортикултурното уредување на дворовите кои гледаат кон улиците.

Сосема спротивно на тие практики, кај нас со новиот Закон за легализација на диво изградени објекти (вон урбанистичките планови и без дозвола) само се докажува дека ние стануваме цела држава дивоградба. Логиката: “се е дозволено, само прашањето е за колку пари“ не става во редот на нецивилизирани нации и градови кои наликуваат на Готам Сити. Овој неодговорен, профитерски однос доведе до тотален хаос, губење на секоја функционалност, естетика, уништување на еко системите, а конечно и до енормно загадување на градовите.

Бараме дивоградбите веднаш да се отстрануваат и да се казнат оние кои го прекршуваат Законот за градење. Во спротивно, државата станува соучесник и промотор во кршењето на законите и активно поддржува целосен хаос во нашите, веќе доволно упропастени урбани средини“, се наведува во соопштението на партијата на Грчева.

Треба да знаете
Последни објави