Search

Џафери-Лоазо: Франција ја поддржува државата на патот кон евроинтеграциите

Претседателот на Собранието Талат Џафери оствари средба со француската министерка за европски прашања Натали Лоазо, која денеска е во посета на Република Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, француската министерка упатила честитки за потпишувањето на Преспанскиот договор и ја нагласила улогата на Собранието во процесот на завршување на спорот со Грција. Таа истакнала дека Франција ја поддржува државата на патот кон Европската унија, а подддршка во име на Сенатот и Националното Собрание изразиле и сенаторката Марта де Сидрак и претседателот на групата за пријателство Франција-Северна Македонија, Бертран Сор.

Џафери изразил задоволство што билатералните односи меѓу двете држави се карактеризираат со стабилен и отворен дијалог и се заблагодарил за поддршката што Франција и Ја дава на нашата држава во процесот на евроинтеграциите. Тој го запознал соговорниците и со актуелните случувања на политичката сцена и со законите од реформската агенда што Собранието треба да ги усвои во следниот период.

На средбата била изразена благодарност и до францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и француската Амбасада кои во континуитет работат на зацврстување на односите меѓу двете држави.

Треба да знаете
Последни објави