САД подготвуваат воена инвазија во Венецуела, предупредува руски функционер

Висок руски претставник во вторникот обвини дека САД распоредуваат војници во Порторико и Колумбија, подготвувајќи се за воена интервенција во Венецуела и соборување на власта на претседателот Николас Мадуро.

Венецуела минува низ политичка криза, а во текот на викендот дојде до жестоки судири. САД и голем број други земји го поддржаа опозицискиот водач во земјата како привремен претседател, додека Русија и Кина стојат за Мадуро.

„САД се подготвуваат за воена инвазија во независна држава“, рече Николај Патрушев, секретар во Советот за безбедност на Русија, во интервју за неделникот „Аргументи и Факти“.

„Трансферот на американските сили за специјални операции во Порторико, доаѓањето на американски сили во Колумбија и други факти покажуваат дека Пентагон собира војска во тој регион за да ја искористи во операција за отстранување на Мадуро од власт“, истакна тој.

Патрушев во интервјуто рекол дека Вашингтон побарал од Москва консултации за Венецуела и дека Русија се согласила со нив, но дека американските официјални лица постојано ги одложуваат под лажни изговори.

Треба да знаете
Последни објави