Рохани му се заблагодари на Зариф за неговата борба против САД

Претседателот на Иран, Хасан Рохани се уште формално не ја прифатил оставката на шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф, но му се заблагодари што е „на линија на фронтот во борбата против САД”.

Рохани им се заблагодари и на министерот за нафта Биџан Зангене и на гувернерот на Централната банка за нивната улога во судирот со САД.

Според непотврдени информации Зариф поднесе оставка поради вчерашната посета на сирискиот претседател Башар ал Асад на Техеран.

Шефот на иранската дипломатија синоќа поднесе оставка, објавувајќи ја својата одлука на Инстаграм.

– Се извинувам за сите пропусти… во текот на изминатите години за време на мојот мандат како министер за надворешни работи… им се заблагодарувам на иранската нација и претсатвници, напиша Зариф на Инстаграм.

По објавата на Зариф голем број ирански пратеници денеска испратија писмо до Рохани со кое бараат министерот за надворешни работи да остане на функцијата.

Во меѓувреме се огласи Стејт департментот, истакнувајќи дека САД „внимателно ги следат” извештаите дека Зариф, кој го сметаат за архитект на нуклеарниот договор од 2015 година, поднесе оставка, но оти „во овој момент немаат други коментари”.

Треба да знаете
Последни објави