Search

Конференција на министерствата за внатрешни работи од „Брдо процесот”

Дводневна министерска конференција од „Брдо процесот” ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во тек на која третпат ќе заседава Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Домаќин на конференцијата е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Главна тема на конференцијата ќе биде евалуацијата на досегашното спроведување на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Ќе се расправа и за новите проектни задачи на ИИСГ, особено во делот на функционирањето на Групата за поддршка на ИИСГ, односно вклучувањето на претсавници од Западен Балкан во работата на оваа група.

Треба да знаете
Последни објави