Гризман откри против кој фудбалер му било најтешко да игра

Гризман даде навистина необичен одговор на прашањето кој бил најтешкиот противник со кого се соочил во неговата кариера.

Ѕвездата на Атлетико Мадрид смета дека негов најтежок противник бил младиот фудбалер на Ајакс, Френки Де Јонг кој неодамна за 75 милиони евра се пресели во Барселона, а дресот на каталонскиог гигант ќе го облече од идната сезона.

„Против кого беше најтешко да се игра? Би рекол Френки Де Јонг. Тоа е затоа што се обидов да го притиснам, но никогаш не успеав во тоа“, изјави Гризман.

Покрај тоа, Гризман беше запрашан за тоа кои се најдобрите фудбалери на светот, а одговорот беше сосема очекуван.

„Кристијано Роналдо и Лионел Меси се најдобрите играчи на сите времиња“, изјави Гризман.

Треба да знаете
Последни објави