(Видео) Силен ветер против патнички авион – патниците мислиле дека тоа им се последните мигови

А.вион на „Бритиш ервејс“ што во понеделникот патувал од Лондон до Гибралтар, поради силен ветер не можел да слета на меѓународниот аеродром во Гибралтар, објави Би-би-си.

Пилотот на летот BA492 поради тоа одлучил да го пренасочи авионот кон Малага.

Патникот Илај Хасет за Би-би-си опишал како се чувствувал кога силните ветришта го занеле авионот.

„Почнав да се молам. Размислував за моите деца и за мојата сопруга. Верував дека ќе се урнеме во Гибралтар“, рече тој.

„Пред да слетаме, капетанот ги предупреди патниците да се врзат и рече дека би можеле да имаме непријатно слетување. Само неколку секунди подоцна, авионот се навали за 45%“, рекол Хасет.

Авионот на крајот слетал на аеродром во шпанскиот град Малага.

„Авионот безбедно слета и сите патници неповредени го напуштија леталото. Во ниту еден момент немаше опасност по нивната безбедност“, напишале во соопштение од „Бритиш ервејс“.

Снимка од авионот кој се бори против силните ветришта направил Ричард Вали.

„Работам во пристаништето. Беше затворено поради ветрот, па затоа останав во мојата канцеларија. Слушнав силна бучава од мотори и погледнав надвор. Тогаш го здогледав авионот како се лула на небото“, изјавил Вали за Си-ен-ен.

Треба да знаете
Последни објави