Search

Села: Дали Талат е продолжена рака или фатена опашка?

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села на Фејсбук ја коментираше  контроверзната собраниска седница која претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина и немаше гласање за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на парламентот Трајко Вељановски.

– Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начини, денес „наводно„ под изговор дека нема услови спречија да му се одземе имунитетот на Трајко Вељановски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељановски има многу да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?

П.С: Дали е продолжена рака, или фатена опашка, напиша Села на Фејсбук.

https://www.facebook.com/ZiadinS/posts/1496906183773516

Треба да знаете
Последни објави