Search

Змија во авионот: Патничка пронашла питон во чевелот

Шкотлаѓанка пронашла питон во нејзиниот чевел во авион откако прелетала речиси 15 000 километри на лет од Квинсленд до Глазгов.

Змијата се сместила во чевел, па дури и почнала да ја ослободува кожата за време на долгиот лет, објави Си-ен-ен.

Инцидентот потсетува на култниот филм „Змии во авион“ од 2006 година, во кој Семјуел Л. Џексон игра агент на ФБИ кој се бори со смртоносни змии во авион.

 

Но, наместо да стапи во контакт со актерот номиниран за Оскар за помош, Моира Босал ја контактирала шкотската Организација за заштита на животните кои ја зеле змијата.

„Примивме повик од жена која се вратила од одмор од Австралија која нашла мала змија во еден од нејзините чевели во куферот“, рекла Тејлор Јонстоун од Организацијата за Си-ен-ен.

По испитувањето било утврдено дека станува збор за питон кој не е отровен. Змијата сега е во карантин во центарот за спасување на животни во Единбург.

Треба да знаете
Последни објави