Search

Заев потврди дека на пописот ќе има графа за етничка припадност

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека во пописот што треба да се спроведе наредната година ќе има графа за етничка припадност на граѓаните иако претходно се најавиваше дека тоа нема да биде случај, туку дека тие ќе може да се изјаснуваат само кој јазик им е мајчин.

-Се усогласивме дека ќе има графа за етничка припадност заради тоа што тоа е многу е важно и за помалкубројните заедници. На пример ромската заедница многу малку или поретко го употребува својот мајчин ромски јазик и ако само јазикот биде во делот на графата тогаш тоа може да не доведе вистинска бројност на таа заедница, рече Заев пред промоцијата на Оперативниот план за вработување за 2019.

Од тие аспекти, потенцира премиерот, како солидарни припадници на поголемите етнички заедници донесовме одлука и изградивме заедники став да го охрабриме и ЕУРОСТАТ и ДЗС да ја има графата за етничка припадност.

Треба да знаете
Последни објави