Search

Две авиокомпании признаа дека има камери во седиштата на авионите

Уредите за гледање филмови In-flight entertainment (IFE) станаа секојдневие во авионите, а изгледаат како таблети што се вградени во седиштата.

Патниците неодамна забележаа дека овие уреди во авионите на „Американ ерлајнс“ и „Сингапур ерлајнс“ имаат вградено и камери.

Двете компании признаа дека постојат камери, но дека не се во функција и дека никогаш нема да бидат. Во соопштенијата за јавност наведуваат дека уредите ги прави трета компанија и дека камерите се вградени доколку во иднина биде можно да се воспостават видеоповици во текот на летовите.

Треба да знаете
Последни објави