Search

Саем на чоколада во Белгија

Во белгиската престолнина Брисел почна познатиот Саем на чоколада „Салон Ду Чоколат”, кој привлекува големо внимание на јавноста и медиумите од Белгија и од остатокот од светот.

На саемот што се одржува во салонот „Тур Таксис” со големина од 8.000 квадратни метри, учествуваат 130 производители на чоколада, главно од Белгија, која е позната во светот по производство на ова слатко задоволство.

Оваа година на саемот ќе бидат прикажани десетици видови слатки и чоколади, кои се произведуваат исклучиво во Белгија, а исто така се организира и дегустација на чоколадо и други слатки подготвени на чоколадна основа.

Посетителите исто така можат да видат бројни презентации започетоците на производство на чоколадо во светот, како и за популарноста на чоколадата низ историјата.

Треба да знаете
Последни објави