Не е веќе мамин син – Рабио ја отпушти мајка му од позицијата менаџер

Играчот на ПСЖ Адриен Рабио ја донесе најверојатно најдобрата одлука во кариерата со тоа што ја отпушти мајка му Вероник и таа веќе нема да биде негова менаџерка.

 

Алчната мајка на 23-годишниот Французин нема веќе да биде главна во донесувањето на одлуките поврзани со неговата фудбалска кариера што стагнираше во изминатите неколку недели.

Играчот за врска беше блиску до премин во Барселона по истекувањето на договорот со францускиот клуб.

Сепак, трансферот не доби службена потврда поради препреките што се појавија откако Вероник почна да  претерува со финансиските барања.

„Играчот и неговото семејство ангажираа агент кој за кратко време ќе му најде нов клуб. Покрај Барселона, за него се заинтересирани и некои италијански и англиски клубови“, пишуваат француските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави