Search

Ахмети: Не е добро лидер на партија да се кандидира за шеф на државата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со премиерот Зоран Заев во Клубот на пратениците рече дека одлуките што ќе се носат треба да бидат во корист на државата, мнозинството граѓани и на партиите. Потврди дека разговорите межу двете партии продолжуваат на ниво на организациски секретари.

На новинарско прашање дали ДУИ би го поддржала Зоран Заев како канддат, Ахмети не одговори конкретно. Рече дека не е добро лидер на политичка партија да стане претедател.

Прашан за Никола Димитров, лидерот на ДУИ кажа дека не сака сега да се изјаснува за имиња, оти се прават анкети кои треба да дадат поконкретни сознанија. Ахмети нагласи дека и тој нема да се кандидира за шеф на државата.

По средбата со Ахмети, Заев најави разговори и со другите политички партии од и надвор од владината коалиција.

Треба да знаете
Последни објави