Search

Сите жени на Ел Чапо

Хоаким Гузман, познат како Ел Чапо, озлогласениот нарко бос и шеф на картелот Синалоа од Мексико е познат по многуте жени и љубовници. Меѓу нив е и негова соработничка која сведочеше на судот во Бруклин, САД каде Ел Чапо неодмна беше прогласен за виновен за трговија со дрога, убиства и киднапирања.

Александрина Марија Ернандез Салазар беше првата жена на Ел Чапо со која се оженил во 1977 година во една мала церемонија во градот Џезус Марија, во мексиканската држава Синалоа, по кој картелот го добил името. Двојката имала три деца- Сесар, кој беше убиен во 2012 година, Ивана Aрчивалд  и Џезус Алфред. Алфред беше киднапиран од ривалските банди во 2016 година, но подоцна беше ослободен. Александрина е роднина на еден од главните луѓе на картелот Синалоа, Ектор Салазар.

Додека сѐ уште бил во брак со Александрина, Гузман се вљубил во Естела Пења, вработена во локалната банка. Ја повикал неколку пати да излезат заедно, дури ангажирал и мал авион да фрла цвеќе врз нејзината куќа, но таа не му обрнувала внимание. Одбиениот Гузман ја киднапирал Естел и ја одвел во хотел, каде ја „натерал да биде со него”. Се венчаа три месеци подоцна.

Во средината на осумдесеттите години Ел Чапо стапи во брак по трет пат и тоа со Гризелда Гвадалупе Лопес, со која има четири деца: Едгар, Хоакин, Овидиј и Гризелда. Едгар беше убиен во престрелка во 2008 година, а Овидио е на црната листа на САД под обвинение за перење пари за Синалоа.

Сепак, Гризелда тврди дека никогаш не им дозволила на своите деца да „прават она што го прави нивниот татко.”

– Не е нивна вина дека се деца на Хоакин Гузман, рече таа.

Жената која сѐ уште е со Чапо, е Ема Коронел (29), поранешна мис. Се венчаа во 2007 година, кога имала само 18 години. Таа година тинејџерката стана мис на натпревар за убавина на фестивалот на кафе и гуава. Секој учесничка традиционално има задача да организира забава – ја организирала на празникот на Светите Три Кралеви. Тој ден во градот, опкружен со вооружени чувари „дојава” и Ел Чапо и јавно објави дека ќе се ожени со неа. Така и беше. Сепак, двајцата веќе се познавала од пред една година. Тие се состанаа за прв пат на „приемот” што го приредил нејзиниот татко, Инес Коронел Барерас, еден од командантите на Синалоа, кој ја договорил свдбата. На наркобосот, за кого вели дека е невин и несфатен, му родила две близначки.

Како млад политичар во мексиканската држава Синалоа, Гвадалупе Санчез се запознала со шефот на картелот во 2010 година и до следната година беше негов чест гостин додека се криеше во планините и во одморалиштето Кабо Сан Лукас.

-Понекогаш го сакав, а понекогаш не, рече таа.

Во судот во Бруклин, таа на поротниците им ги сподели пораките што ги разменувала со него, а кои покажуваат дека би ја убил ако сметал дека тоа е потребно. Таа не му била само љубовница, туку и соучесник во бројни злосторства. Двајцата, наводно, имаат еден син.

Се верува дека е една од многуте љубовници на Ел Чапо е актерката Кејт Дел Кастиљо, ѕвездата на серијата “Кралицата на Југот”. Наводно се допишувал со неа додека го поминувал Божик со својата сопруга пред да го заврши во затвор. Според извештаите на локалните медиуми, тој секојдневно и испраќал подароци и комплименти. Таа го организираше состанокот на Гузман со холивудскиот актер Шон Пен, по кој што беше уапсен.

Треба да знаете
Последни објави