Search

Уапсен опасен член на најмоќната италијанска мафија

Франческо Странџио, опасен бегалец и член на мафијашката организација ‘Ндрангета, е уапсен во Италија по една година бегство, соопшти италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

Странџио кој треба да отслужи 14 години затворска казна поради трговија со дрога беше уапсен во четвртокот вечер во регионот Козенца на Калабрија, додал Салвини.

„Апсењето е доказ дека државата е присутна и ние не се откажуваме во борбата против мафијата. Нема да запреме тука“, рече министерот.

‘Ндрангета доаѓа од Калабрија, регион што се наоѓа на врвот на италијанската „чизма“ и се смета за најсилната мафијашка организација, која го предводи шверцот на кокаин ширум Европа.

Треба да знаете
Последни објави