Search

Конзилиум одлучува дали ќе и биде ампутирана нога на повредената девојка

Министерот за здравство, Венко Филипче, по денешната посета на повредените во трагичната автобуска несреќа, изјави дека ќе се изврши хируршка интервенција на млада девојка која е хоспитализирана на КАРИЛ. Како што рече министерот, нејзината нога е тешко повредена и постои можноста да и биде ампутирана.

-Се одлучува како ќе се продолжи третманот, ногата е згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Конзилијум од доктри одлучува што ќе се прави – рече Филипче

Четворица од пациентите хоспитализирани на скопските клиники се во тешка состојба, а двајца се вклучени на респираторни машини. Имаат повреди на главата, но во моментов, рече Филипче, не е потребна хируршка интервенција. Другите повреди се на градниот кош и на стомакот. Во Клиничкиот центар се наоѓаат осум пациенти, од кои четворица се на Клиниката за анестезија, еден на Трауматологија, еден на Неврохирургија, трудницата на Клиниката за гинекологија е во добра состојба, а еден е хоспитализиран на Торакална хирургија.

Треба да знаете
Последни објави