Search

Шекеринска – прв наш министер кој учествува на Северноатланскиот совет на НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утре и задутре (13-14 февруари) во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, што е прво учество на министер од нашата земја на официјален состанок на Алијансата по потпишувањето на Протоколот за пристапување.

Министерката во седиштето на Алијансата ќе има голем број билатерални средби и тоа со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со министрите за одбрана на Велика Британија, Канада, Грција, Бугарија,  Белгија и Турција.

Со учеството на министерката Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет, стануваме активен дел од Алијансата, а по процесот на целосна ратификација на пристапниот протокол, кој веќе заврши во грчкиот и во словенечкиот парламент, и официјално ќе имаме право на глас на сите состаноци на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави