Search

Наполи за првпат по 15 години не постигна гол на четири гостински натпревари по ред

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи вечерва во Фиренца одигра одигра нерешено 0:0 со Фиорентина во натпреварот од 23 рунда од Серија А.

„Наполитанците” не можат да постигнат гол веќе четврти натпревар по ред на гостински терен, нешто што им се случува првпат по 15 години.

Наполи на претходните три натпревари не ја затрес мрежата на Милан во италијанскиот куп (0:2), во првенството 0:0 и на Интер исто така во Серија А (0:1).

Последен пат, четири пати по ред на гостински терен Наполи не дал гол од ноември 2003 до февруари 2004 година. Тогаш серијата на клубот беше седум натпревари, а Наполи играше во Серија Б.

Треба да знаете
Последни објави