Search

Израел им забрани на кандидатите за премиер да се фотографираат со војници

Израелскиот државен обвинител, Алуф Авичаи Манделбил, им забрани на кандидатите за премиер да прекинат да користат фотографии со војници во предизборната кампања. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, одлуката е донесена по жалбата поднесена против партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израелската опозициска Лабуристичка партија поднесе жалба против партијата Ликуд поради фотографии на Нетанјаху со војници наведувајќи дека премиерот ги користи војниците како фигура во својата предизборна кампања.

„Забрането е во текот на 90 дена пред изборите да се користи војската во пропагандни цели, посебно фотографии со војници и премиерот“, рекол обвинителот.

Треба да знаете
Последни објави