Search

Адеми по реакциите за конкурсите:За мене функцијата ‘министер’ не е света

Одлуките за секој проект се донесени врз основа на предлог на професионална комисија и во ниту момент не сум вршел никакво притисок за избор на некој проект, тврди министерот за култура, Асаф Адеми по реакциите во јавноста од објавените резултати по Годишните конкурси на Министерството за култура.

https://www.facebook.com/asaf.ademi/posts/2222316091124168

,,По реакциите на еден дел на здружениjата и медиуми, би сакал да ве известам: одлуките за секој проект се донесени врз основа на предлог на професионалната комисија; и во ниту еден случај не сум вршел никаков притисок за избор на некој проект.

Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при Министерството.
После консултаците што ги имаме, заедно ќе одлучиме за следните чекори.

Истовремено, би ви обврнал внимание на следното: – моето мото ‘култура за сите ‘ беше без каква било етничка, политичка или религиозна предрасуда; и јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледаат како алатка за лично богатење.

Во овој период најповеќе се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам какви било разлики меѓу граѓаните на државата. За мене политичката функција ‘министер’ не е света”, напиша Адеми на Фејсбук.

Претходно режисерката Зоја Бузалковска поднесе оставка од Советот за култура по повод резултатите од конкурсот за годишната програма за проекти од национален интерес во културата.И актерот Оливер Митковски, еден од четирите членови на комисијата што даде препораки и мислења за распределба на буџетот во Министерството за култура, достави издвоено мислење до Министерството поради несогласувања со изборот.

Лавина реакции и обвинувања имаше за селективност и отсуство на критериуми за потребите во културата кога Министерството за култура на веб-страницата ги објави резултатите од годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави