Search

Најбогатиот човек во Азија за еден ден заработи повеќе од 3 милијарди долари

Масајоши Сон, најбогатиот човек во Азија, поради добрите резултати на пазарот на капитал стана побогат за неколку милијарди долари. Тој е основач и извршен директор на „Софт банк“ групацијата која работниот ден денеска на јапонската берза го затвори со вредност на акциите од 9,962 јени што е раст од 17,73 отсто во однос на претходниот ден.

Според официјалните податоци на веб-страницата на компанијата, Сон од 30 септември 2018 година е сопственик на дури 231.205.000 акции, а ако податоците и понатаму се точни тоа значи дека со последните промени на берзата станал побогат за 3,15 милијарди долари.

Сон е на 55. место на листата најбогати луѓе во светот на „Форбс“, а неговото богатство е проценето на 21,5 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави