Search

Во Романија уапсен лажен хирург

Романската полиција го приведе италијанскиот државјанин Матео Полити, кој се претставувал како пластичен хирург во клиника во околината на Букурешт.

Граничната полиција наведе дека Полити бил приведен утрово во воз на романско-унгарската граница, пренесе АП.

Триесет и осумгодишниот маж го користел името Метју Мод и тврдел дека е Британец кој претходно имал работено во неколку приватни клиники.

Медицинскиот колеџ соопшти дека Полити немал работна лиценца. Романските медицински власти, кои се обврзани да им издадат посебна дозвола на лекарите, велат дека тој добил една во март минатата година бидејќи приложил диплома тврдејќи дека се квалификувал како лекар на Косово. Сепак, дипломата била лажна.

Адина Албертс е името на докторката што Полити го пријавила кај властите. Таа истакна дека тој работел на нејзината клиника и на почетокот успеал да ја измами бидејќи, како што вели, говорел брилијантно.

Кај неа подоцна се појавил сомнеж кога видела како користи шприц. Таа вели дека пациентка имала компликации по вградување имплант што го извршил лажниот доктор.

Треба да знаете
Последни објави