Search

Бугарин ограбил автосервис

Полицијата расветлила десет кражби извршени во изминативе неколку месеци во Чаир, а за кои се осомничени петмина, меѓу кои и еден бугарски државјанин, информираше МВР.

Одделението за имотни деликти Чаир против осомничените по целосно документирање на настаните ќе поднесе кривични пријави.

Според полицијата, во првиот случај Е.К.(34) од Скопје, Б.Б.(26) од Бугарија и Д.Р.(24) на 3 февруари извршиле кражба во автосервис. При тоа украле разновиден алат и авто делови во вредност од околу 310.000 денари.

Во вториот случај И.П.(30) од Скопје се сомничи дека во периодот од октомври лани до минатиот месец извршил осум кражби во куќи, угостителски објекти, маркет и обложувачница. Провалникот при тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 150.000 денари.

Во последниот случај Е.Р.(38) од Скопје се сомничи дека на 1 февруари извршил кражба на улица Индира Ганди во Скопје при што од оштетениот зел пари.

Треба да знаете
Последни објави