Search

Бејл против Барселона ја има една од последните шанси за докажување во Реал

Поранешниот играч, а сега спортски директор на „Реал Мадрид“, Предраг Мијатовиќ изрази незадоволство од играта на велшкиот фудбалер Герет Бејл.

– На натпреварот со „Барселона“, Бејл ќе има една од последните шанси да се докаже дека вреди да го носи дресот на „кралскиот клуб”. Мислам дека сите сме веќе вознемирени од него. Тој веќе сите не нервира. За разлика од него, Винисиус веќе почнува да ги освојува срцата на навивачите од „Сантијаго Бернабеу”, изјави Мијатовиќ.

Тој посочи дека многу е важно за „Реал“ на денешниот меч да избори поволен резултат, но во никој случај и ниеден резултат нема да значи пласман во финалето, бидејќи „Барселона“ покажа дека знае да надомести било каков резултат.

Првиот натпревар од полуфиналната пресметка меѓу „Барселона“ и „Реал“ во шпанскиот куп е закажан за вечер од 21 часот на „Камп Ноу” во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави