Руска двојка уапсена поради малтретирање на бебе

Двојка од Русија беше уапсена во Малезија поради „несоодветна грижа“ кон своето бебе, односно поради тоа што таткото го фрлал бебето во воздух и го нишкал држејќи го за ноџињата.

Мајката и таткото биле приведени од страна на полицијата поради сомненние за малтретирање на бебето.

Инцидентот е забележан на видео-снимка која брзо се раширила на социјалните мрежи.

Родителите на бебето се во своите доцни 20-ти години и патуваат низ Југоисточна Азија како улични изведувачи, а во Малезија престојуваат со едномесечна виза. Двојката смета дека ова однесување воопшто не е проблематично и тврди дека нивното бебе ја „обожуваа оваа вежба“.

Видеото е објавено на Фејсбук и веќе има преку 40.000 прегледи, а корисникот кој го објавил ги нарекува родителите „неодговорни“ и вели дека можат да му нанесат сериозни повреди.

Двојката е уапсена за време на нивниот настап на улица во Куала Лумпур.

„Ги приведовме за испрашување поради сомнение за малтретирање“, велат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави