Search

Дуковски бара ослободителна пресуда за Чавков за 27 април

Сашо Дуковски, адвокат на Митко Чавков, денеска во завршните зборови за случајот „27 април“ образложуваше три часа зошто неговиот клиент не е виновен. Тој побара ослободителна пресуда оспорувајќи го и обвинението бидејќи, според него, нема докази за никакво кривично дело, а не, пак, за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Според него, проблемот е во тоа што обвинителството се води од две дејствија на извршување, едното е дека народот влегол во Собранието зашто од претходно знаеле дека нема да има доволно обезбедување, а во понатамошното обвинение тврди дека не можел народот да влезе без лицето кое е амнестрано Крсто Муковски да им ги отвори вратите.

„Законот за амнестија важи иако беше селективен, јас немам проблем што некој е амнестиран. Ние не побаравме амнестија затоа што сакавме да се докажеме во судска постапка. Кој си ја добил амнестијата нека биде среќен, изјави Дуковски по завршните зборови.

Ова беа први завршни зборови на било кој од адвокатите или обвинетите во најголемиот процес за крвавиот четврток. Прво ќе зборуваат сите адвокати на 18 темина обвинети, па по тоа и самите обвинети ќе имаат завршни зборови.

(Д.В.)

 

Треба да знаете
Последни објави