Search

Штох победник на денешните летови во Оберздорф

Камил Штох од Полска е победник на денешниот натпревар од Светскиот куп на скокалницата во Оберздорф. Тој „леташе” 214,5 и 227,5 метри за вкупно 413,2 бода.

За Штох кој е актуелен шампион во Светскиот куп ова беше 32 победа во кариерата и прва оваа сезона, воедно и седми подиум.

Второто место го освои Евгениј Климов од Русија со летови од 220,5 и 223,5 метри, односно 407,9 бода. За Русинот ова е втор најдобар резултат во неговата кариера.

Третото место му припадна на Давид Кубацки со 405, 4 бода по 207 метри во прват аи 228,5 метри во втората серија.

Во Генералниот пласман води Рјоју Кобајаши со 1.380 , пред Штох кој има 929, трет е Стефан Крафт со 917 бода.

Треба да знаете
Последни објави