Search

Во Фукушима уловени радиоактивни риби

о риби уловени во водите на јапонската префектура Фукушима, откриен е за прв пат по четири години радиоактивен цезиум кој ги надминува дозвoлените граници, соопшти Асоцијацијата на рибарските здруженија.

Асоцијацијата ја стопирала испораката на овој вид риби уловени во тие води, а испорачаната риба ќе биде повлечена од пазарот додека не се потврди дека е безбедна за консумација.

Надлежните служби собраа повеќе примероци поради истражување, а централната влада ќе донесе одлука за безбедноста на рибата.

Во Фукушима се наоѓа нуклеарна електрана која по силниот земјотрес и цунамито во 2011 година е сериозно оштетена, кога дојде до испарување на реакторот и протекување на радиоактивен материјал.

Треба да знаете
Последни објави